„Генералниот план за заштита на археолошкиот локалитет Стоби“ претставува стратешки документ чија цел е да обезбеди насоки и препораки за подобра заштита и презентација на разновидното културно наследство на локалитетот, како и насоки за неговиот одржлив развој преку подобрување на капацитетите за управување и прибирање финансиски средства на НУ Стоби. Подготовката на планот беше финансирана од J.M. Kaplan Fund (САД), во која беа вклучени бројни експерти од Северна Македонија, Бугарија, Обединетото кралство, САД, Грција и Канада. Тој е прв документ од ваков вид во Република Северна Македонија и одлична основа за создавање на слични планови за други археолошки локалитети во земјата и поширокиот регион.
Бесплатно симнување:
https://balkanheritage.org/master-conservation-plan-for-the-archaeological-site-of-stobi-r-of-north-macedonia-2021-mk/